Градот Скопје со ЈП Паркови и Зеленило интензивно спроведува акција за расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации во Скопје 06.3.2022
По обилните снежни врнежи екипите од Секторот Дрвореди во текот на целата ноќ работеа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот. Предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот.
Екипите досега интервенираа на ул. Цицо Поповиќ бр 5 , ул. Мирослаб Крлежа, бул.Теодосие Гологанов, ул.Загребска бр 28 кај црквата Св.Јован, ул.Лазар Личеновски и ул. Димитрија Чуповски.
Поради постојаните дојави за паднати дрвја и гранки кои ги добиваат службите од граѓани екипите од Градот Скопје со ЈП Паркови и зеленило продолжуваат со расчистување на теренот и во текот на денешниот ден.
Пријави за паднати дрвја има на бул. Јане Сандански, бул. АСНОМ, ул. Димче Митрев,ул. Петре Филиповски, ул. Лазар Поп Трајков, ул.Васил Ѓоргов, ул. Методија Митевски, ул. Коста Новаковиќ, ул. Јордан Мијалков, ул. Драгиша Мишовиќ, ул. Анастас Митров, ул. 12 Македонска бригада и по истите екипите постапуваат.
Градот Скопје апелира до граѓаните поради обемноста на снегот да внимаваат во паркирање на своите возила под дрвја, за да избегнат потенцијални штети кои би можеле да настанат.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
