Започна големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд 2022“ 06.5.2022
Денеска започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која денеска и претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење.
Градот Скопје, заедно со јавните градски комунални претпријатија со поддршка на Општина Кисела вода и Општина Гази Баба, со над 200 волонтери кои се дел од акцијата за чистење на планината Водно, во која се собира отпадот од врвот, пешачките патеки и падините на планината.

Чистењето на Водно се врши од 09:00 часот до 14:00 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.
За сите учесници во акцијата „Генералка викенд“ се обезбедени кеси за отпад, ракавици и налепници, а волонтерите ќе бидат поделени во неколку групи за да опфатат што е можно поголем број локации на планината. Една група ќе се кажува кон врвот на Водно и ќе ја чисти пензионерската патека до Средно Водно, друга група ќе го чисти асфалтниот пат, трета група потегот од Средно Водно до полициската станица - пешачката шумска патека, а четврта група на Средно Водно ќе ги чистат паркинзите, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата. Групи на волонтери ќе чистат и на потегот кон Матка (еден километар), видиковецот, потегот кон Горно Соње и околу крстот.

Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва.
Градот Скопје секогаш ќе подржува иницијативи за вакви еколошки акции за почист и поубав град за сите скопјани.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
