Решени 873 барања од граѓани преку електронската адреса 24@skopje.gov.mk 07.2.2022
На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 998 барања, од кои решени се дури 873 проблеми. Најголемиот број граѓани на овој меил пријавиле локации на кои се создаваат диви депонии, се интересирале за процедурите за сечење суви дрвја, побарале поставување семафори, сообраќајни знаци или столпчиња за да се спречи непрописното паркирање на јавните површини, а има голем број предлози и за подобрување на јавниот превоз.
На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши сите проблеми кои ги имаат.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
