
Соопштение за јавност 07.8.2025
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 13 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 11 (од 9 до 10 часот), C3 12 (од 10 до 11 часот), C3 13 (од 11 до 12 часот), и C3 14 (од 12 до 13 часот).
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 11:
- од север: по граница на ГУП на град Скопје и по осовина на ул “Пат за економија“;
- од исток: по оска на ул “Пат за економија“;
- од југ: по оска на магистрална улица ул “Црногорска“;
- од запад: по оска на автопат Обиколница.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 12:
- од запад: по граница на ГУП на град Скопје и по осовина на Обиколница;
- од север: по оска на магистрална улица ул „Црногорска“ и собирна улица „Ѓорче Петров“;
- од исток: по оска на собирна улица ул “Сарај“;
- од југ: по оска на река Вардар.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 13:
- од север: по оска на градска магистрала улица “Црногорска“;
- од југ: по оска на собирна улица “Ѓорче Петров“;
- од исток: по оска на собирна улица “Сремски фронт“;
- од запад: по оска на градска магистрала ул. “Сарај“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 14:
- од север: по оска на градска магистрала – улица “Црногорска“;
- од југ: по оска на собирна улица “Ѓорче Петров“;
- од запад: по оска на собирна улица “Сремски фронт“;
- од исток: по оска на бул. “Македонска војска“.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.
- ВЕСТИ
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност
- 06.08.2025 - Соопштение за јавност
- 05.08.2025 - Соопштение за јавност
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност