ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ 07.9.2019
Екипите на Град Скопје вчеравечер ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски, во општината Гази Баба, на потегот од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито. Увид во градежните работи на оваа делница извршија градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев и градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.
.jpg)
- Во првата фаза од реконструкцијата, една од најважните улици во Гази Баба ќе се обнови на должина од 870 метри. Реконструкцијата на овој дел од улицата Благоја Стефковски ќе се искористи и за замена на дел од старата подземна инфраструктура со нова, онаму каде што има потреба, со цел да се избегне прекопувањето на новиот асфалт по завршувањето на реконструкцијата. По завршувањето на првата фаза од реконструкцијата, ќе се изгради велосипедска и пешачка патека од едната страна во вкупна ширина од 4,5 метри. Очекувам наредната година кога ќе почне реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“ да го споиме овој дел од градот со велосипедска патека со остатокот од градот. Вкупната инвестиција ќе биде 16 милиони денари, а треба да биде готова за 60 дена – рече градоначалникот Шилегов.
.jpg)
– Вечерва сме на увид на работата на уште една многу важна сообраќајница во Град Скопје во Општина Гази Баба за да се запознаеме со текот на реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“, главната улица која поминува низ населбата Маџари и која ги поврзува Гази Баба и општините Илинден и Петровец. Она што ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница е што ја обезбедува сообраќајната врска и комуникација на огромен број стопански субјекти и компании во овие три општини кои формираат една од најдинамичните индустриски зони во градот - рече премиерот Заев.
.jpg)
Тој ја поздрави праксата на Град Скопје реконструкциите на улиците да се вршат во текот на ноќта со цел, како што рече, колку што е можно да се скрати времетраењето на самата реконструкција и на тој начин да се избегне непотребниот сообраќаен метеж кој настанува со целосното или делумно затворање на улиците и потенцираше дека примерот на Град Скопје треба да биде инспирација за сите други општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија.
.jpg)
Шилегов упати апел до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа улица и на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај, што ги објавува Град Скопје.
.jpg)
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
