ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ОДРЖА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ДИРЕКТОРИТЕ НА СКОПСКИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА 07.9.2020
Градоначалникот Шилегов, секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ и раководителката на Секторот за образование, Даниела Адамова денеска имаа состанок со директорите на сите 23 средни училишта на Градот. На состанокот се дискутираше за мерките што треба да се преземат во време на корoнавирусот за да се обезбедат технички услови за непречено одвивање на онлајн настава која треба да започне на 1 октомври.

Директорите на средните училишта го информираа градоначалникот Шилегов како течат подготовките за почетокот на новата учебна година, а дел од нив и за проблемите со коишто се соочуваат како нестабилен интернет и мрежа, недостиг на компјутери и друга информатичка опрема.
- Во најкраток можен рок треба да проверите со какви капацитети располагате, односно човечки ресурси за да ви ја одржуваат мрежата и какви ви се интернет мрежите. Ви препорачувам да си помогнете со размена на обучен кадар, се со цел да обезбедиме квалитетна онлајн настава. Исто така, сметам дека треба да се подготвите за сите три можни сценарија, односно за онлајн настава, настава со физичко присуство и комбинирана настава - рече Шилегов на состанокот со директорите на СУГС.

Тој додаде и дека работат со луѓето од Министерството за образование и наука, но во овие нови услови на живеење не може да се најде совршено решение и дека сите треба да се обидат решенијата да ги бараат во од за да се заштити здравјето на децата.
По конструктивната дискусија се донесе заклучок да се одржи уште една средба пред почетокот на учебната година.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
