СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ 07.12.2020
Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот беше симболично, а на настанот присуствуваше градоначалникот Шилегов.

- Традиционално, Град Скопје ја осветли новогодишната елка, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан. Драго ми е дека имаме многу присутни наши сограѓани и дечиња, што ја оправдува одлуката на градот да влеземе во една новогодишна атмосфера, онолку колку што можеме имајќи ја предвид пандемијата. Јас сум среќен што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија. Ги замолувам граѓаните коишто ќе бидат присутни на плоштадот, да се придржуваат кон правилата за однесување согласно протоколите, да уживаме во атмосефата којашто ја имаме, меѓутоа во исто време да мислиме и на сопственото здравје и на здравјето на нашите најмили, изјави градоначалникот Шилегов.

Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
