Јавен повик за субвенции за велосипеди и електрични тротинети за граѓани од социјално ранливи категории 07.12.2022
Градот Скопје најавува дека од 09.12.2022 година (Петок) активен ќе биде со објава на веб страната на градот, Јавен повик за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети за граѓани од социјално ранливи категории, невработени лица, вработени лица чии месечни примања не го надминуваат износот на минимална плата и пензионери со минимална пензија.
Субвенционирањето на велосипеди и електрични тротинети, како алтернативни превозни средства во градот, е практика веќе неколку години наназад, но сега за прв пат акцентот е ставен на социјално ранливи категории на граѓани со 100% субвенција.
Граѓаните ќе можат да достават фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2022 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 100% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 11.000 денари по лице, а за електричниот тротинет, не повеќе од 15.000 денари по лице, со вклучен данок на личен доход.
Повикот ќе биде отворен до 14.12.2022 година.
Градот Скопје континуирано остварува социјална заштита и социјални услуги и сервиси за ранливи категории на граѓани, поттикнува развој на лични и општествени вредности и работи на унапредување на здравствената заштита.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
