Град Скопје се приклучува во кампањата „МОЈОТ ДАНОК, ЗА МОЈАТА ОПШТИНА!“ 07.4.2022

Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со  Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа.

Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра.

Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани.

Видеата од кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот можете да ги погледнете на следните интернет врски –

- https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s (на македонски јазик)

- https://www.youtube.com/watch?v=ODR4_3DNhuw (на албански јазик)

 

Дополнително во прилог Ви доставуваме пропаганден материјал на македонски и албански јазик.