Целосна реконструкција на ул.Славка Динкова во Драчево 07.10.2022
Градоначалничката на Град Скопје денес беше на увид на текот на градежните работи за реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во населба Драчево во општината Кисела Вода каде по поставување на целосно нова атмосферска канализација, отпочна асфалтирањето во првата фаза.

Со овој проект покрај целосна реконструкција на улицата, во вкупна должина од 1.175 метри едновремено се врши за прв пат и изградба на нова атмосферска канализација по целата должина.

“Оваа сообраќајница не е реконструирана повеќе од 30 години, при што со проектот значително се подобрува инфраструктурата за граѓаните, се олеснува движењето и пристапноста за повеќе од 30.000 жители на општината, а воедно се решава и деценискиот проблем со атмосферските води. Покрај новиот коловоз и атмосферската канализација, на улицата предвидено е да се постават нови тротоари и енергетско ефикасно улично осветлување - истакна градоначалничката Арсовска.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
