ПОКАНА ЗА 37-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 08.7.2019

Советот на Град Скопје во четврток (11.07.2019 година) во 11 часот ќе ја одржи својата 37 седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записниците од 30, 34, 35 и 36 седница

 

1. Предлог- Oдлука за воспоставување меѓуопштинска соработка, помеѓу Град Скопје и Општина  Гази Баба, за изградба на водоводна мрежа и фекална  канализација, на дел од бул. „ Александар Македонски “ , од клучка со ул „Беласица “ , до клучка со ул. „16 – та Македонска бригада“;

2. Предлог – Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за финансиско учество за опремување на сензорна соба;

3. Предлог- Oдлука за воспоставување меѓуопштинска соработка, помеѓу Град Скопје и Општина Центар за уредување, озеленување и осветлување на просторот помеѓу олимписки базен „Центар“, булевар Кочо Рацин и улица „Истарска“;  

4. Предлог- Oдлука за воспоставување меѓуопштинска соработка, помеѓу Град Скопје и Општина Центар за уредување на јавна зелена површина лоцирана позади ЈУ Македонски културен центар;

5.  Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар за партерно уредување и озеленување на просторот помеѓу бул. Гоце Делчев, Македонска опера и балет, Македонска филхармонија, Факултет за музичка уметност и Национална установа,Национална галерија на Македонија – Скопје;

6. Предлог-Одлука за пренесување на правото на трајно користење на статични контејнери за одлагање на комунален отпад;

7. Предлог – Одлука за давање на дозвола за вршење на дејност паркирање на МИ-ДА Моторс ДОО Скопје;

8. Предлог-Одлука за давање согласност за преземање вработен;

9. Предлог – Одлука за давање на согласност на Одлуката за давање на донација на движен имот специјално возило пајак.

 

Седницата ќе се одржи во салата на Советот на Град Скопје (бул. Илинден 82, барака 13)