ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ 08.7.2020
Град Скопје известува дека поради финално асфалтирање на улицата Александар Урдаревски во Бутел, во наредните два дена ќе биде воведен времен сообраќаен режим на улицата.
Утре 09.07.2020 година (четврток), улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки.
На 10.07.2020 година (петок), улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки до крстосницата со улицата Бутелска.
Сообраќајот во овој дел од градот во наредните два дена, додека се одвиваат градежните работи, ќе биде преносачен по улицата Цетинска. Исто така, и возилата од јавниот превоз кои сообраќаат по улицата Александар Урдаревски во наредните два дена ќе бидат пренасочени.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
