ЗАЗЕЛЕНУВА И НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК НА КЕМАЛ СЕЈФУЛА 08.12.2020
Новиот кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула денеска е раззеленет со 300 садници, а на улицата Втора македонска бригада е подигнат нов дрворед со над 200 висококвалитени дрвја. На денешното раззеленување во Чаир присуствуваше градоначалникот Шилегов.

- Продолжуваме со зазеленувањето на парковите и подигнуваме нови дрвореди на градските улици и булевари. Есенското раззеленување се одвива секојдневно низ цело Скопје и вкупното садење ќе биде околу 15000 висококвалитетни садници што веднаш се вклучуваат во екосистемот на нашиот град. Некогашните депонии сега ги претвораме во паркови, го обновуваме зеленилото на постојните паркови, а садиме ново и го обновуваме и постојното булеварско зеленило коешто сами можеме да ја видиме разликата како изгледа во последните неколку години - рече градоначалникот Петре Шилегов на прес конференцијата.

Град Скопје согласно новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди составени од квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на главниот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
