![](/media/7878/viber_image_2022-02-15_10-06-33-819.jpg)
Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk 08.3.2022
На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми и барања за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии, проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот.
На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.
- ВЕСТИ
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност
- 21.06.2024 - Соопштение за јавност
- 20.06.2024 - Соопштение за јавност
- 19.06.2024 - Соопштение за јавност
- 17.06.2024 - Соопштение за јавност