СКОПЈЕ ДОБИ НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ЧАИР 08.6.2020
Градот Скопје ја заврши изградбата на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општината Чаир.

Покрај изградбата на кружната крстосница со надворешен радиус од 11,5 метри и со асфалтна површина од околу 3.800 квадратни метри, изведени се и водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација. Поставено е и ЛЕД осветлување со 24 нови канделабри со висина од 7 метри.

- Станува збор за инвестиција вредна околу 20 милиони денари, инвестиција која што ќе им овозможи на граѓаните од овој дел од градот поголема безбедност во сообраќајот имајќи предвид дека во непосредна близина на овој кружен тек се наоѓа ОУ „Петар Здравковски Пенко“, средното училиште „Арсени Јовков“ и поликлиниката „Чаир“. Во неколку наврати, во текот на изборите и веќе две години откако сум градоначалник, кажувам дека инвестирањето во инфраструктурата на северниот дел од градот е многу битна за развојот на градот. Рамномерното развивање на градот е еден од императивите кои јас ги имам како градоначалник, да ги пробиеме непробиените коридори што се предвидени во Генералниот урбанистички план. Веќе го завршивме булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а интензивно се работи на булеварот Босна и Херцеговина. Кога ќе се поврземе со булеварот Словенија веќе ќе може да зборуваме за поврзување на општините Карпош, Чаир, Бутел и Центар на еден поинаков и поквалитетен начин – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Значајно е да се нагласи дека околу кружниот тек е изведена и велосипедска патека која во текот на оваа сезона ќе се продолжи по улицата Кемал Сејфула, со цел да се овозможи приклучување на овој дел од градот во велосистемот на Град Скопје. Шилегов денеска се заблагодари на граѓаните за покажаното трпение додека се изведуваа градежните работи на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
