Доделени сертификати за енергетска ефикасност на 32 објекти под надлежност на Град Скопје 08.6.2022
На 32 јавни објекти што се под надлежност на Градот Скопје денеска им беа предадени енергетските контроли и сертификати кои претставуваат насока за преземање мерки за намалување на потрошувачката на енергија и за подобрување на енергетската ефикасност на објектите.
Енергетската контрола на зградите и издавање на Сертификат за енергетска ефикасност е законска обврска која ја реализираат лиценцирани фирми. Енергетска контрола претставува систематизиранa постапка за утврдување на постојната потрошувачка на енергија, препознавање и квантификација на економски оправдани можности за заштеда на енергија во згради или група на згради, индустриски процеси или постројки, или во јавни или приватни услужни дејности и опфаќа подготовка на извештај за енергетската контрола.
Сертификат за енергетска ефикасност (пасош), пак, е документ со кој се докажуваат карактеристиките на зградата во однос на потрошувачката на гориво. Кога зградата троши помалку енергија, таа е енергетски ефикасна и помалку ја загадува животната средина.
Придобивките од овие процеси се од повеќе аспекти – покрај намалената емисија на штетни материи заради помала количина на потрошено гориво, се намалуваат и трошоците за енергија. Исто така, освен придобивките за жителите на Скопје, заради намалената потрошувачка на енергија и почистата животна средина, се намалува и потребата за купување на скапа енергија на ниво на Македонија.
- Правилното планирање на енергетските политики во објектите кои се под надлежност на Град Скопје, претставува систематски пристап и единствен начин да се исполнат целите за енергетска ефикасност кои ги има поставено Градот, а со тоа да се подобрат и условите во објектите. Одлуките за целите за енергетска ефикасност ги засноваме на изработени енергетски контроли и сертификати за енергетските карактеристики на сите згради во надлежност на Град Скопје. Деталното познавање на процесите во самите објекти, преку изработката на енергетските контроли, и уште еден чекор понапред, подготвувањето на сертификати за енергетските карактеристики, овозможи планирањето во поглед на енергетската ефикасност да ги цели вистинските потреби на објектите и реално и систематски да се подобрат уловите за престој во јавните објекти и притоа да се постигне заштеда, како на енергија, така и од финансиска гледна точка, а воедно се постигнува и подобрување на стандардот на граѓаните и зголемување на употребата на енергија од обновливи извори – истакна секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски при доделувањето на сертификатите.
Градот Скопје, во рамките на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје (2022-2024), изработи енергетски контроли и сертификати на 32 објекти кои се под надлежност на Град Скопје. Сертификатот треба да се постави на видно место во секој објект.
Енергетски контроли и сертификати се изготвени за 23 средни училишта на Град Скопје, за шест објекти од културата, за бараките на Град Скопје, за Зоолошката градина и за објекти на Противпожарната бригада во Автокоманда.
- ВЕСТИ
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност