Награди и признанија за скопските матуранти првенци на генерација 09.6.2023

Градоначалничката  Данела Арсовска, денеска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино Фросина, МКЦ.

 

- Со задоволство денеска го афирмираме училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддаваме јавно признание за постигнатите резултати. Вие сте иднината на Скопје и Македонија, во вас гледаме успешни идни професионалци и пример за идните генерации средношколци - им порача Арсовска на првенците на доделувањето на наградите.

 

Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:

Мила Јаневска - СУГС „Панче Арсовски“

Матеј Петревски - СУГС „Васил Антевски - Дрен“

Ана Јаневска - СУГС „Димитар Влахов“

Марија Мицевска - СУГС „Димитар  Влахов“

Ангела Сибиновска - СУГС „Јосип Броз -Тито“

Јована Трајановска - СУГС „Владо Тасевски“

Миа Шутева - СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“

Филип Бојаџиевски - СУГС  „Орце Николов“

Ефра Емини - СУГС „Марија Кири - Склодовска“

Кристијан Зафировски - СУГС „Марија Кири - Склодовска“

Ана Даневска - СУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Даниела Павловска - СУГС „Браќа Миладиновци“

Лука Чарапиќ - СУГС „Георги Димитров“

Фросина Тодорова - СУГС „Георги Димитров“

Ендрит Шаќири - СУГС „Зеф Љуш Марку“

Никола Рисафов - СУГС „Боро Петрушевски“

Јане Јанкулоски - СУГС „Боро Петрушевски“

Леон Али - СУГС „Шаип Јусуф“

Фатиме Красниќ - СУГС „Шаип Јусуф“

Исра Реџепи - СУГС „Арсени Јовков“

Андреј Петковски - СУГС „Никола Карев“

Беким Хашани - СУГС „8-ми Септември“

Никола Мирковски - СУГС „Лазар Танев“

Дамјан Цветановски - СУГС „Лазар Танев“

Јован Колевски - СУГС „Михајло Пупин“

Дарија Дамевска Идриз - СУГС „Здравко Цветковски“

Никола Дивјак - СУГС „Кочо Рацин“

Зерина Чупи - СУГС „Цветан Димов“

Исра Љоки - СУГС „Сарај“

 

Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, која го поддржува образованието, неговата моќ и стремежот за создавање млади креативци со кои Скопје ќе има поубава иднина, е под покровителство на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност Скопје.