ГРАД СКОПЈЕ ПО ВТОРПАТ СО АКЦИЈА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И МИЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПРОСТОРИ 09.4.2020
За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје по вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во Скопје.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мијат и дезинфицираат јавните површини во паркот „Ибни Пајко“. Во текот на вчерашниот ден, пак, рачно и со посебна опрема беа исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром. Повторно беше извршена дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“.

Скопските пожарникари вчера извршија целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеа и патеките и урбаната опрема.

Во истовреме, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршеа рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари, пак, се вршеше машинско миење и дезинфекција на коловозите.

Значајно е да се нагласи дека во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје - плоштадот „Македонија“, Камениот мост, мостот „Гоце Делчев“, улицата Македонија, плоштадот „Филип Втори“ и Старата скопска чаршија. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје - подземните и надземните контејнери и нивната микролокација.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
