ДЕНЕСКА ТРИ МУЗИЧКИ ИЗВЕДБИ И ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА 09.5.2020
Програмата „Култура во време на корона“ за скопјани денеска ќе понуди два концерта, диџеј настап и панел дискусија. Во 19 часот на платото пред Универзална сала концерт ќе одржи групата „Antiart“, а во 20:30 часто на истата локација концерт ќе одржи групата „Bandoff“. Во 22 часот во Универзална сала настап ќе има DJ B!ZAARE, a во 17 часот во Универзална сала ќе се одржи панел дискусијата „Светлосна уметност во карантин.“

Концертите ќе бидат стримувани на:
- фејсбук страницата на Град Скопјеhttps://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на
- Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:
- Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
- Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
