ЧЕТИРИ НОВИ СКВЕРОВИ ВО СКОПЈЕ 09.6.2020
Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на 4 нови модерни зелени површини – скверови.
Проектот за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот се реализира изминативе 2 години од Градот Скопје и Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб). Главна цел на проектот е ревитализација на запуштени јавни површини преку изградба на нови модерни површини (скверови), кои ќе обезбедат поквалитетен простор за релаксација, одмор и дружење на граѓаните. Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема.

Во рамки на овој проект беше спроведено големо истражување - анкета на која граѓаните предлагаа локации кои би биле предмет на целосен редизајн и обнова. Како резултат на овие истражувања, а по предлог на граѓаните, Градот Скопје во наредниот период ќе изгради 4 нови модерни јавни површини – скверови на следните локации:

- Помеѓу бул. Илинден и ул. Никола Тесла во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри.
- Пред и зад амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри.
- Помеѓу бул. Јане Сандански и улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров), пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри.
- На бул. Јане Сандански пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.
Ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ Скопје.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
