ВО ЧЕТИРИ СКОПСКИ ОПШТИНИ ПОСТАВЕНИ ОСУМ НОВИ ПУНКТОВИ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА 09.6.2021
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани, денеска го посетија новиот пункт на јавното претпријатие лоциран во близина на Скопското Кале.

ЈП Комунална хигиена постави осум нови пунктови во четири скопски општини, што ќе им обезбедат соодветни услови за работа на вработените коишто секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија.

Со цел да им се создадат подобри услови при извршување на работните обврски на работниците коишто ја одржуваат хигиената на јавните површини во градот, осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Центар, Аеродром, Чаир и Шуто Оризари се заменети со нови монтажни објекти.

Директорот Шабани истакна дека една од нивните најголеми заложби е да им се обезбедат подобри услови на вработените коишто го носат главниот товар во извршувањето на дејноста на претпријатието.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
