Арсовска: Градот ќе биде украсен за празниците, ги повикав сите компании да излезат во пресрет 09.12.2021
„Јас ги повикав, не само една компанија туку сите оние компании, сите оние претпријатија кои што сакаат да покажат сега немаме само енергетска туку имаме и економска, здравствена криза да ја покажат својата коорпоративно општествена одговорност и да излезат во пресрет сите оние кои што генерирале некакви профити во оваа година иако беше тешка, да ја покажат својата одговорност и едноставно да помогнат градот да има навистина убава и празнична атмосфера“, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Арсовска додаде дека градот ќе биде украсен и тоа нема да никакви финансиски импликации на Град Скопје.
„Градот ќе биде украсен и во секој случај тоа нема да биде во оној обем во кој што било други години, затоа што сега во овој случај не е само поради енергетската криза, туку и економската криза и ќе биде во помал обем, но сепак целиот плоштад и централното градско подрачје ќе биде соодветно украсено“, нагласи Арсовска.
Таа посочи дека дел од средства Градот ќе ги искористи за помош на граѓаните од социјално загрозени категории, дополнувајќи дека Градот ќе работи транспарентно и без корупција.
„Да покажеме еден поинаков начин на работење. Значи да биде транспарентен, да биде отворен. Толеранција на корупција нула, нема да се толерира корупцијата воопшто никаде во ниту еден ешалон, кај ниту еден човек кој што е вработен во градската администрација“, рече Арсовска.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност