Соопштение за јавност 09.12.2023
Градот Скопје во континуитет вложува во хуманизација на јавниот простор и креирање на места кои овозможуваат стимулирање активности за социјализација и рекреација на децата и лицата со попреченост.

Градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска со тим од градските сектори и јавните претпријатија, го посетија инклузивното игралиште кое Град Скопје го направи во ЗОО Скопје.

- Посветено работиме Скопје да биде град на грижа, град кој промовира инклузивност и безбедност за сите негови жители преку системски, сеопфатни и иновативни програми од сферата на социјалната грижа. Градот Скопје продолжува да креира нови модерни простори кои се инклузивни и корисни за целата заедница, а на новото инклузивно игралиште кое се простира на површина од 200 метри квадратни, се поставени реквизити кои се соодветни и безбедни за користење за децата со попреченост - истакна градоначалничката Арсовска

Таа при посетата напомена дека е направено уште едно безбедно катче, каде децата ќе можат да го поминуваат своето слободно време, што претставува реализација на уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“.

ЗОО Скопје како општествено одговорно јавно претпријатие редовно организира посети на деца и лица со попречености со цел нивна интеграција и едукација, а Градот Скопје со цел подобрување на условите за вклученост и социјализација на децата со попреченост, со континуирани инвестиции обезбедува пристапност за сите.

Во изминатите три месеци Град Скопје набави нови специјално адаптирани моторни возила, со цел да се подобри движењето на децата и лицата со потешка телесна инвалидност и со кои во голема мера ќе се олесни нивното секојдневие, доделени се 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост, а се подготвува за отворање и новиот дневен центар за деца со попреченост, активности кои системски се превземаат бидејќи посветеноста за ранливите групи на граѓани е високо на листата на приоритети на Град Скопје.



- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
