Градот Скопје го осудува секој вандалски чин врз урбаната опрема во Градскиот парк 10.6.2022
Ја информираме јавноста дека службите на Градот Скопје констатираат дека се врши вандализам врз урбаната опрема во Градскиот парк на неколку наврати изминатиот период.
Остро го осудуваме секој вандалски чин или дејствие насочено кон уништување на урбаната опрема која е поставена во градскиот парк или на било кое друго место, чија намена е да служи за граѓаните и која се набавува со средства од граѓаните.
Апелираме до јавноста за зачувување и неоштетување на урбаната опрема поставена на јавните површини, како и со било кое дејствие на вандализам се причинува штета која е казнива согласно закон.
Ја охрабруваме јавноста да го пријавува во службите на Градот секој затекнат чин на вандализам врз урбаната опрема или намерно оштетување на истата со цел да се причини штета, инспекциските служби на Градот Скопје ќе вршат вонредни надзори и ќе постапуваат согласно надлежностите.
Службите на Градот Скопје работат на реконструкција на патеките во Градскиот парк, а со тоа и обновување на зеленилото, а секоја оштетена урбана опрема ќе биде санирана или заменета со нова, во интерес на сите граѓани.
Апелираме и до Министерството за внатрешни работи да воспостави редовни контроли на ова подрачје со цел спречување на вандалските дејствија и соодветно казнување на сторителите.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
