Реакција на Комисијата за унапредување на правата на пациенти на Град Скопје за неработење на неработење на хируршките сали во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје 10.7.2024

Во врска со затворањето на операционите сали при хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Комисијата за унапредување на правата на пациентите при Град Скопје е на став дека битно се повредени правата на пациентите. Имено, околу 2000 операции се одложени, иако истите не се итни, сепак тоа одложување може сериозно да го наруши здравјето на пациентите. Реакцијата на надлежните институции беше многу бавна, а здравствениот систем се покажа неподготвен вакви состојби ниту да спречи, ниту да ги реши. Во Македонија има доволен број хирурзи и доволен број на операциони сали, не само во Скопје туку и во другите поголеми градови, па кога претходно би биле спремни за ваква „вонредна состојба“, пациентите би биле навремено згрижени и оперирани. Се прашуваме како би се реагирало при вистински вонредна состојба, како што се природни катастрофи со голем број повреди.

 

Очекуваме од новата Влада сериозно да се зафати со овој проблем и да биде спремна да спречи вакви технички дефекти, а ако сепак се случат, да има подготвен резервен план за времено надминување на проблемот без сериозни нарушувања на правата на пациентите.