Арсовска: Сите проекти што се корисни за граѓаните ќе бидат спроведени 10.3.2022
„Проектот со ЕБРД не е стопиран туку е во преговори. Затоа што на граѓаните треба да им биде јасно дека сето она што е за нивна корист ќе виде спроведено. Никој нема ништо да стопира што е за нивно добро и нема да се наштети на интересот на граѓаните ниту пак буџетот на граѓаните. Ова е проект којшто за жал има многу предизвици, меѓутоа преговорите се во насока да се овозможи нешто што ќе биде добро за сите. Не стопирам јас проект, тоа е груба лага и манипулација, за мостот АСНОМ. Мостот се гради и булеварот се гради и тоа се проекти за доброто на граѓаните. Но граѓаните не знаат дека некој си го распишал тендерот, си ги поделил парите а не ги решил проблеми и ги оставил. Посебно над 70 предмети за експропријација и нерешени правни ситуации каде не смее да се дозволи некои луѓе да не бидат обештетени, некој да остане без својата куќа, без својот дом. Ништо не е застанато, се што е во интерес на граѓаните ќе се продолжи, но не на штета нивна за да се заштити нечиј интерес. Тоа нема да се дозволи. Нема да е турка проект којшто може да има некакви реперкусии или ако не е најдобро решение“, истакна градоначалничката Данела Арсовска на емисијата Вин Вин.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
