ШИЛЕГОВ: НОВИ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ СЕ ТЕСТИРААТ ВО КАРПОШ 3 10.6.2020
Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска одржаа прес-конференција на улицата „Никола Русински“ во Карпош 3 каде што се поставени полуподземни контејнери.

- Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител Молок кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. Никола Русински, зад ТЦ Лептокарија во Карпош, поставени се 6 вакви контејнери, од кои 2 се со капацитет од 3 кубни метри, а 4 се со капацитет од 5 кубни метри. Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација – рече Шилегов.

Тој додаде дека овој пилот проектот ја дава и можност за селектирање на отпад и граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад.

- Во неколку месечниот тест период во рамките на овој пилот проект ќе ги согледаме сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени внимателни анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат. Граѓаните веќе ги чувствуваат промените со новиот концепт на третманот на комуналниот отпад во Град Скопје. Промените се видливи и мерливи. Градските улици се почисти, сменети се голем дел од садовите за комунален отпад и нивното празнење е сега побрзо и поефикасно, во тек се повеќе активни кампањи за услугите за подигање кабаст отпад и бесплатното подигање на стрништата и отпадот после берба на земјоделските производи. Тоа значи дека се движиме во правилна насока и доколку сите заедно се погрижиме, за релативно кратко време ќе имаме неколкукратно почист град од она што сме навикнале да го гледаме до неодамна – кажа Шилегов.

Шилегов денеска уште еднаш упати апел граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена и да го фрлаат отпадот во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот навечер, во затворени пластични кеси, не оставајќи храна и облека надвор од контејнерите и слично.

- Епидемијата на коронавирусот не потсети сите, како граѓани, дека мораме да се грижиме за личната хигиена, хигиената во нашите домови, но и надвор од нашите домови на ист начин, со цел сите заедно да ги користиме придобивките кои ги нуди живеењето во еколошки чистата животна средина – порача Шилегов.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
