СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ, КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА 11.9.2020
На улицата Никола Карев од денеска се изведуваат градежни работи за реконструкција на нејзиниот коловоз. Екипите на Град Скопје во наредниот месец ќе работат на потегот од крстосницата со улицата Трета македонска бригада до булеварот Кузман Јосифовски Питу, на должина од 510 метри. Освен обнова на коловозот, градежните работи ќе опфатат и реконструкција на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.

- По изградбата на улицата Есенинова која ја започнавме минатата недела и со реконструкцијата на улицата Никола Карев жителите на општините Центар, Аеродром, Кисела вода и Гази Баба побрзо и полесно ќе стигнуваат до саканата дестинација. На тој начин, движењето од Кисела Вода до Гази Баба ќе биде скратено за нешто повеќе од 10 - на минути – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Дополнително, на улицата Никола Карев се предвидени и велосипедски патеки од двете страни, со што ќе се поврзат двете главни велосипедски рути на булеварот Кузман Јосифовски Питу и булеварот Трета македонска бригада, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром.
За реконструкција на улицата Никола Карев ќе се вложат околу 15 милиони денари, а рокот на изведба е 30 дена.
Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат реконструкциите и целосно да го почитуваат привремениот сообраќаен режим кој гарантира максимална безбедност на сите учесници во сообраќајот. Тој изрази уверување дека оваа улица, како и другите, ќе биде завршена и порано од предвидениот рок.
На почетокот на градежните работи за реконструкцијата на улицата Никола Карев присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
