Соопштение за јавност 11.9.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е во официјална посета на Вашингтон каде оствари средба со повеќемина високи претставници на Стејт Департментот во врска со проектот поддржан од САД за ефикасно управување со финансии и ресурси на локалната самоуправа.

Арсовска имаше средба со претставникот на Стејт Департментот одговорен за Европски и Евроазиски работи, Бенсон Сивек како и со Брендон Банди главен координатор на Глобалната агенција за борба со корупција при Стејт Департментот.
На средбата се разговараше за пристапите и методите на локалната самоуправа за планирање на буџетот и ефикасно менаџирање со финансиите и ресурсите, со цел спроведување на практики на САД од етикчкиот кодекс во јавните институции и како истиот влијае врз транспарентноста, отчетностa и адекватното управување со ресурсите во справување со корупцијата.

На состаноците стана збор и за најдобрите практики кои ги применуваат локалните власти во САД за јавно-приватни партнерства за да се подобрат капацитетите на локалната власт, при што беше нагласено дека постои простор за натамошно интензивирање на соработката помеѓу двете пријателски држави, размена и примена на искуствата на САД во Македонија во борбата против корупцијата која е рак на македонското општество.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
