Честитка по повод 11 Октомври 11.10.2022
Делегација од Град Скопје, предводена од Заменик Градоначалникот Александар Трајановски и Секретарот Зоран Глигоров, во чест на одбележувањето на државниот празник Денот на народното востание - 11-ти Октомври, денеска положија цвеќе пред Споменикот Ослободители на Скопје на платото пред Владата на РМ. 11 Октомври, Денот на народното востание, ден кој е симбол на големата победа базирана на вредностите на слободата и човечкото достоинство.
Сенародна борба против фашистичкиот окупатор е пример за пркос и желбата да се опстои на вредностите во кои искрено се верува.
На овој ден , како и многупати претходно, ја потврдивме и означивме својата повеќевековна борба за самобитноста и самостојноста на Македонија. Прославувајќи го овој ден и сеќавајќи се на жртвите, ние со чест и благодарност се поклонуваме пред ваквата борба и пред олтарот на сите паднати борци за слободна и самостојна Македонија, и продолжуваме со нашите заложби и труд за продолжување на мисијата која значи постојано создавање на нови дела и вредности.
Со оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава.
Прославувајќи го 11 Октомври, оддаваме почит кон славното дело на нашата историја, но во исто време се инспирираме за успех, истрајност и лична жртва за напредокот и развојот на современа држава.
Нека ни е честит и вековит општонародниот празник 11 Октомври!
Нека ни е успешна и вечна Татковината!
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
