Арсовска со поддршка на проектот Инклузивни политики и знаења, за подобрување на инфраструктурните пристапи за олеснето функционирање на лицата со хендикеп 11.4.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со претставничките на Движењето против Хендикеп „Полио Плус“, во рамки на која се потпиша договорот за поддршка за реализација на проектот „Инклузивни политики и знаења“ за подобрување на условите за живот и функционирање на лицата со попреченост во градот Скопје.
Проектот се реализира согласно Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита, во Град Скопје, за 2022 година, и има за цел да допридонесе за поголема инклузивност на лицата со хендикеп.

„Подобрување на условите за живот и поголема инклузивност на лицата со хендикеп е еден од приоритетите на Градот Скопје. Целта е на овие лица да им се овозможи целосна пристапност во сите објекти и инфраструктурно уредување за нивно олеснето функционирање во сообраќајот, истакна градоначалничката Арсовска.
На средбата беа договорени иницијативи и активности кои Градот ги презема, а во насока на надминување на предизвиците на лицата со хендикеп, но и преземање на подобри локални политики за инфраструктурна пристапност и поголема инклузивност на лицата со хендикеп.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
