Арсовска: Целосно обновен паркот „Скулптура“ во Автокоманда 11.4.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, денеска го пуштија во употреба целосно обновениот парк „Скулптура“ на улицата 16-та Македонска бригада во населбата Автокоманда.

„Граѓаните на Автокоманда добија обновен парк “Склуптура“ во населбата Автокоманда во вкупна површина од 4. 200 квадратни метри, со нови тревници, урбана опрема и ново осветлување, место каде ќе можат да го минуваат слободното време и да се рекреираат, истакна градоначалничката Арсовска.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се заблагодари на градоначалничката Арсовска, за брзото обновување на паркот и истакна дека подигнувањето на зелените појаси и нивното обновување на територија на општината е од исклучително значење за илјадници граѓани од овој дел од општината кои сега имаат убаво среден парк.

„При уредувањето на паркот се направени повеќе интервенции на целата вегетација, нанесена е високо квалитетна почва, формиран е тревник со систем за полевање капка по капка, хидранти и прскалки, со што ќе се овозможи континуирано одржување на зеленилото во паркот“, истакна директорот на ЈП Паркови и зеленило, Сотировски.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
