Арсовска на меѓународна конференција во Солун за нови дигитални услуги за граѓаните 12.4.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше на конференцијата „Градови на иднината“, која се одржа во Солун. На конференцијата, која е во организација на Градот Солун и компанијата Циско, учествуваа и градоначалниците на Атина, Костас Бакојанис, заменик-градоначалникот на Приштина, како и претставници на Тирана, Белград и многу други градови од регионот.

Во рамки на конференцијата се одржаа панел дискусии и размена на искуства и добри практики, каде учесниците разговараа за дигитализација и меѓусебната соработка на градовите.
Градоначалничката Арсовска се осврна на проектите кои Градот Скопје ги реализира, во креирањето на одржливи решенија за граѓаните.
- Градот Скопје работи на повеќе проекти, каде еден од најголемите е изградбата на пречистителната станица која ќе пречисти над 90 проценти од урбаните отпадни води, проект вреден над 160 милиони евра, кој воедно е и најголемиот еко капитален проект во регионот. Работиме и на повеќе проекти каде преку користење на дигитални алатки се креираат квалитетни и одржливи решенија за граѓаните. истакна Арсовска.

На настанот Арсовска се осврна и на потребата од зголемување на регионалната соработка, пред се преку размената на позитивни искуства и добрите практики за решавање на проблемите со кои се соочуваат градовите.
- Градот Скопје се стреми да им овозможи дигитални сервиси на граѓаните, за полесно совладување на предизвиците, со што ќе се постигне пофункционална локална самоуправа.
Таа нагласи дека Град Скопје е дел од Мрежата на градови од Балканот - Б40 (B40 Balkan cities network) чија цел е зголемување на меѓусебната соработка за клучни прашања што ги засегаат градовите во регионот, како што се дигиталната трансформација, зелена транзиција и зголемување на економска соработка.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
