РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ ВО БУТЕЛ 12.7.2020
Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска, во должина од околу 800 метри.

На овој потег од улицата, целосно е отстранет стариот и оштетен асфалт од коловозот и е поставен нов асфалтен слој. Претходно беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.
Оваа фреквентна улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата Александар Урдаревски.

Градот Скопје ја продолжува праксата реконструкциите на сите улици оваа да ги завршува во најбрз можен рок за да се олесни одвивањето на сообраќајот, без да се создава метеж.
Реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ е една од низата коишто се реализираат во овој период во насока на обезбедување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град, а градежната офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници со иста динамика ќе продолжи и во наредниот период во сите скопски општини.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
