Градоначалничката Арсовска оствари работна средба со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако 12.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари официјална работна средба со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка. На средбата разговараа потенцијалот за раст на трговската размена во сегментот на туризмот, соработка во областа на образованието и културата.

Воедно, на средбата беше договорена соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од взаемен интерес на двата града, а која започнува со посета на делегација со претставници на релевантните сектори од двата града. Градот Драч е пристанишен град, втор град по број на население во Албанија, кој претставува историски, културен, туристички центар и е еден од главните економски центри во државата.

- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
