Во тек е Јавниот повик за ангажирање на членови во Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје 12.5.2022
Согласно со Законот за заштита на правата на пациентите, Градот Скопје формира постојана Комисија за унапредување на правата на пациентите, во согласност со прописите од областа на локалната самоуправа. За таа цел, Град Скопје распиша Јавен повик за ангажирање членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите.
Комисијата се состои од единаесет члена, и тоа: двајца претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници од здруженија што се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, еден претставник од здружение кое се занимава со правата на жените, еден претставник од здруженијата за заштита на правата на лицата со попреченост, двајца лекари од општините и тројца членови делегирани од Советот на Град Скопје.
Мандатот на членовите на комисијата е две години, со право на уште еден последователен избор.
Работни обврски на членовите на комисијата:
- Редовно и активно учество на средбите на комисијата;
- Подготовка и спроведување на План за работа на комисијата со временска рамка;
- Подготовка на Деловник за работа на комисијата, како и други акти;
- Следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите;
- Разгледување поплаки на пациентите и предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи;
- Подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите, пред Советот на Градот Скопје,
- Подготвување информации, промотивен и друг материјал со цел унапредување на правата на пациентите;
- Реализација на други активности за унапредување на правата на пациентите и нивната заштита.
На огласот можат да се пријават граѓански организации кои треба да номинираат по еден свој претставник за член во комисијата, каде што организациите треба да се занимаваат со прашања од областите на правата на пациенти, човековите права и граѓански иницијативи, правата на жените и заштита на правата на лицата со попреченост. На огласот можат да се пријават и поединци, кои се лекари по професија или од други професии.
Оценувањето на пристигнатите предлози ќе го врши Комисијата за верификација за мандатни прашања, за признанија, претставки и поплаки, при што доставува предлог до Советот на Град Скопје.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 13.05.2022 година, до 16:00 часот.
Пријавите со целокупната скенирана документација се доставуваат по електронска пошта, на адреса: pravanapacienti@skopje.gov.mk (со назнака во предмет – Пријава на оглас).
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
