Во ЗОО Скопје се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци 12.5.2022
Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните родители, ќе ја добијат со текот на времето.
Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи и таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција.

Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година.
Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци.

Овој вид на волци спаѓа во загрозените видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.
За потсетување, оваа пролет во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца, камила и најновите бебиња бели волци.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
