КОМУНАЛНИТЕ РЕДАРИ НА ТЕРЕН – СЕ ЕДУЦИРААТ ГРАЃАНИТЕ ПРАВИЛНО ДА ГИ КОРИСТАТ НОВИТЕ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПЈЕ 12.6.2020
Комуналните редари на Град Скопје во наредниов период ќе ги едуцираат граѓаните како правилно да го одлагаат отпадот во новите полуподземни контејнери што се поставени на улицата Никола Русински, зад ТЦ „Лептокарија“ во Карпош 3. Целта на оваа активност е да се подобри хигиената на јавните површини и да се овозможи брзо и ефикасно подигнување на отпадот од домаќинствата.

Пред два дена, Градот Скопје почна пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата - полуподземни контејнери. За таа цел, на улицата Никола Русински се поставени 6 вакви контејнери, од кои 2 се со капацитет од 3 кубни метри, а 4 се со капацитет од 5 кубни метри. Овие контејнери имаат предности во однос на другите видови садови за отпад - поголем капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација.

Овој пилот проект дава можност и за селектирање на отпадот, а граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад. Во неколку месечниот тест период во рамките на овој пилот проект Градот Скопје ќе ги согледа сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени анализи за исплатливоста од инвестирањето во вакви контејнери.

Градот Скопје упатува апел граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена, притоа ѓубрето да го фрлаат во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот, во затворени пластични ќеси, не оставајќи храна и облека надвор од контејнерите.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
