ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИТЕ ГРАДСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА 12.11.2020
Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9.вонредна седница на која ќе расправа за доделување финансиска помош (субвенции) за јавните градски претпријатија, во насока на справување со финансиските последици предизвикани од кризата со корона пандемијата.
Со првата одлука, Советот ќе расправа за префрлање финансиски средства, доделени од Буџетот на Град Скопје, за субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје, каде се доделува неповратна финансиска помош за ЈСП „Скопје“ - Скопје во износ од 45.000.000 денари, како и средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во износ од 135.000.000,00 денари
Советот на Град Скопје ќе расправа за посебни одлуки, каде со средства од Буџетот на Град Скопје, поради потешкотии во работењето предизвикани од кризата со корона пандемијата треба да се доделат субвенции во вкупна вредност од 75.000.000 денари, или 40.000.000 денари за ЈП „Комунална хигиена“, 15.000.000 денари за ЈП „Водовод и канализација“ и 20.000.000 денари за ЈП „Паркови и зеленило“.
Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“ за набавка на два система за рана детекција на пожари, за што ќе биде доделена субвенција во износ од 14.160.000 денари, како и за Одлуката за давање согласност на Ценовник на саден материјал на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
