ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ ВО КАПИШТЕЦ 12.11.2020
Денеска заврши реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов на потегот од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза, една од главните сообраќајни артерии во населбата Капиштец во центарот на градот.

- И официјално заврши големата градежна офанзива на Градот Скопје во обнова, реконструкција и изградба на нова инфраструктура со пуштање во употреба на двете главни последни улици, односно оваа на којашто сме денеска Васил Ѓоргов и булеварот 8 Септември, пред базенот и хотелот Алксандар Палас. Во текот на оваа есен извршивме сериозна реконструкција на над 40 километри инфраструктура. Еден од главните зафати беше булеварот Александар Македонски, целосно се обновени улиците Васил Ѓоргов, булеварот 8 Септември, 11Октомври пред Зелено пазарче, улицата Востаничка со сите приклучоци за водовод, и мислам дека имавме успешна есен во обнова на инфраструктурата. Остануваат уште овде на Васил Ѓоргов и на некој од делниците на коишто работевме да се доуредат велосипедските патеки и тротоарите со цел да биде заокружен овој процес. Не застануваме тука, новиот пакет на градот е веќе спремен и во текот на следните дваесетина дена треба да започне продолжувањето на изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.

На улицата Васил Ѓоргов извршена е целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 1.000 метри, реконструкција на оштетените делови од тротоарите, заменети се оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со улицата Франклинг Рузвелт.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата беше завршена во предвидениот рок од 45 дена.
Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на своите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од ваквата интензивна градежна офанзива.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
