„ВИНТЕРЛЕНД“ ЕУФОРИЈА ВО СКОПЈЕ 12.12.2019
Изминаа шест дена од отворањето на новогодишниот базар на плоштадот „Македонија“, а најавите за новите збиднувања ветуваат многу забава за скопјани. Над 70.000 луѓе го посетија „Винтерленд“ во центарот на градот, секојдневно следејќи ги детските програми и вечерните концерти на големите ѕвезди од земјата и од регионот.

Покрај српскиот легендарен бенд Негатив, на големата бина настапија и македонскиот колектив Нокаут, There. Band, Бендоф, DJ Чваре и Дац и Александар Митевски. Вечер, српската поп-ѕвезда Јелена Томашевиќ ќе ги забавува посетителите на „Винтерленд“, а веќе од утре следуваат настапите на ПерпетуумМобиле од Суботица, Дани, Ки Куманово, охриѓаните Шајн, DJ Панчо, Саут Парк, Кепурхат, битолскиот камерен оркестар и Викторија Лоба. Последната недела од „Винтерленд“ настапуваат ПлутосДаубтс, Брејкдаун Бенд и Пеце од Суперхикс, DJ Гоце САФ, Аудио Скопје, Ај Кју, легендарниот Дарио и АнтиАрт Леа.
На претпоследниот ден од годината, Поп-арт бенд ќе ја затворат музичката програма на годинешниот „Винтерленд“.
Покрај музичките настапи, детската програма е на агендата секој работен ден од 17 до 19 часот. Театарски претстави, боенки, аниматори, пантомимичари, маскоти и Дедо Мразовци ги анимираат најмладите и нивните родители на големата сцена на скопскиот плоштад.
Посетете го новогодишниот базар и почувствувајте ја новогодишната атмосфера во центарот на градот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
