ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ „НОВИ СУВЕНИРИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА“ 13.10.2020

Во Музеј на современа уметност денеска се одржа презентација на резултатите од К О Н К У Р С О Т за откуп на идејно-обликовни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија, како дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“.
Конкурсот е реализиран во склоп на иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува како дел од ROCK проектот што е дел од програмата Horizon 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.
На промоцијата беа изложени 10-те понудени идејно-обликовни решенија:
- „Казанџија" - Оливер Илиески;
- „Азбука" - Јасмина Главинчевска;
- „Кукла" - Јасмина Главинчевска;
- „Двокеса" - Филип Конески;
- „Керамика" - Ведран Бојановски;
- Платнена торба" - Филип Конески;
- „Храната на Чаршијата -чаши -беџ -разгледница" - Гордана Вренцоска;
- „Сукало" - Македона Тошевски
- „Платнена торба -Беџ со магнет отворач за шишиња
Марама/заштитна маска за лице" - Марјан Дончевски;
- „Сребрена врата во украсна рамка" -Дијана Тодоровски;
Идејните решенија ќе бидат изложени во просториите на Skopje Urban Living Lab до 30-ти октомври.
Kреирањето на сувенирите во современите туристички понуди, веќе не е само во рацете на стихијната креација на занаетчиите и ракотворците, туку сè повеќе е резултат на јасно дефинирани дизјнерски и маркетинг активности кои го создаваат имиџот, ќе го промовираат и презентираат градот Скопје.