Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар Србија во општина Аеродром 13.4.2022
По налог на Градот Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар Србија, на потегот од булеварот Февруарски поход до булевар АСНОМ во општина Аеродром, каде заврши изградбата на вело и пешачката патека во должина од 850 метри, на вкупна површина од 3.400 квадратни метри.

Со реализацијата на овие активности, на овој запуштен потег во општина Аеродром ќе се формира нов зелен коридор на површина од 3.700 квадратни метри меѓу коловозната лента и вело патеката на булеварот Србија.

Хортикултурното уредување се реализира етапно и опфаќа формирање нов тревник, садење нова вегетација и спроведување на систем за полевање.

Новопредвиденото зеленило го сочинуваaт листопадни и зимзелени садници, а изборот на видовите е направен да се добие естетски и функционално уредена зелена површина.
Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, продолжува со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
