СОСТАНОК НА КРИЗНИОТ ШТАБ НА ГРАД СКОПЈЕ – ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ СЕ ЧИСТИ И ПРООДНИ 14.2.2021
По обилните врнежи од снег и нисите температури во текот на изминатото деноноќие, денеска состанок одржа Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалникот Петре Шилегов. На состанокот беа разгледани извештаите на зимската служба.

Екипите на зимската служба на Град Скопје беа на терен уште од почетокот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, при што досега се фрлени над 1000 тони сол на градските булевари и улици. Сите градски улици и булевари во текот на деноноќието беа чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот. Јавниот превоз се одвива без проблеми и нема одложени градски линии на ЈСП Скопје, а интензивно се расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.

На состанокот беше потврдено дека Скопјани ќе ја дочекаат работната недела со целосно функционални улици и тротоари.
Кризниот штаб заклучи дека ќе и помогне на општина Сопиште во расчистувањето на неколкуте општински улици кои што се сеуште блокирани.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до - 7 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Град Скопје со жалење констатира дека определени политички структури и бивши високи градски функционири свесно креираа лажни вести за наводно блокирани градски улици, покажувајќи фотографии од минатото кое не е реалност денес, а беа карактеристични за времето на нивното управување со градот. Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на таквите лажни вести.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
