Јавна објава за причините за неусвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 01.01 - 30.09.21 14.12.2021
Почитувани,
Согласно член 32 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, имам обврска да Ве информирам дека Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје, за 2021 година за периодот 01.01 – 30.09.2021 година, предложен на втората седница на Советот на Град Скопје, не беше усвоен.
Дискусијата по предложената точка од дневниот ред, беше опсежна. Членовите на Советот кои ја образложија својата одлука да гласаат против или воздржано по однос на Извештајот, наведоа бројни причини, кои се сведуваат на тоа дека овој Извештај укажува на голем број нереализирани проекти, а буџетот кој е предмет на овој Извештај, не ги одразува приоритетите на Скопјани.
Дел од дискусиите на членовите на Советот се однесуваат на нереализирани проекти како Луна паркот, голем дел од проектите за локалниот економски развој, голем дел од предвидените проекти во областа на заштита на животната средина, проекти од областа на културата, занаетчиството, комуналната инфраструктура, образование итн. Потрошени се 26.000.000 денари за привремени вработувања. Од предвидените средства за капитални расходи, реализирани се само 45,7%, додека за маркетинг на претходниот градоначалник, во изборна година, се потрошени 80.000 евра.
Во аудио записот од седницата, се содржани сите дискусии кои одат во прилог на одлуката на мнозинството членови на Советот на Град Скопје, да не даде поддршка на овој Извештај.
Со почит,
СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
Претседател,
Трајко Славески
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
