Започнува формирањето зелени коридори низ Скопје 14.2.2022
Денеска во Бутел започна акцијата за хортикултурно уредување со формирање на зелен коридор на улица Бутелска. На површина од 1496 квадратни метри започнува обновувањето и засадувањето нова тревна површина и одржување на вегетацијата.
-Во Скопје секоја година ќе се засадуваат по 100 илјади нови садници. Започнавме со спроведување на овој проект, а денеска отпочнуваме со работа во Бутел, каде што со засадувањето нови садници позитивно ќе влијаеме врз животната средина, но и ќе ја превенираме можноста за непрописно паркирање- изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Реализацијата на зелениот коридор во Бутел ќе се одвива со фрезирање на постојната подлога, нанесување нова квалитетна почва, поставување систем за полевање и садење ново зеленило.
-Овие проекти се важни за граѓаните. Зеленилото значително ќе го намали загадувањето, а во исто време ќе го разубави просторот. Со овој проект предвидено е и изведба на мини плоштад за одмор, додека во средишниот појас на зеленилото ќе се засадат зимзелени и листопадни дрвја - рече градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
На новата уредена зелена површина ќе се засадат листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
