Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Центар 15.2.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на урбаните заедници од општина Центар, на која присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје.

Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија кои се под надлежност на Градот, веќе ги започнаа теренските активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Центар, која ја сочинуваат 17 урбани заедници. Се врши проценка на затекнатата состојба и се работи на изготвување на акциски план со проекти кои Градот ќе ги имплементира во овие населени места.
Градот Скопје заедно со теренските тимови изготвуваат план за решавање на детектирани проблеми по урбаните заедници на територија на општина Центар, каде најголемите предизвици се од областа на сообраќајот и комуналната хигиена.
Град Скопје ќе започне со имплементација на проекти во секое населено место, со што ќе се овозможи брз и рамномерен раст и развој за сите општини и населени места во нив подеднакво.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
