МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“ 15.3.2020

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците во рамките на Клиничкиот центар е една од серијата на мерки која Градот Скопје и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на корона вирусот.

Во спроведувањето на денешната акцијата се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Воедно, во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.

- Денешната акција ја спроведуваме во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот ковид-19, со цел хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
