Отворен повик за уметнички престој во Скопје во склоп на проектот - CreArt 16.2.2021

Град Скопје  ги известува уметниците кои живеат и работат  во Скопје дека  е распишан отворен повик за уметнички престој  во Скопје,  што ќе се одржи од 15 мај до 15 јуни 2021 година  во соработка со КИЦ,  како дел од активностите на европскиот проект ко-финансиран од страна на програмата на Европската Комисија „Креатива Европа“ CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Повикот се однесува за  уметнички престој и работа во Скопје  за двајца уметници:  еден уметник кој живее и работи во  Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те   градовите-учесници во проектот CreArt (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече; Клермон-Феран, Руеан, Загреб (ХДЛУ), Каунас,  Лублин, Катовице и Авеиро).Уметниците треба да работат во просториите на ЈУ Културно Информативен Центар, во периодот од 15 мај до 15 јуни 2021, а на крајот од престојот ќе се организира изложба  со новосоздадените дела.

Град Скопје од 2017 година е партнер во проектот CreArt (2017-2021)   европска мрежа составена од градови и јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Мрежата ја сочинуваат 12 европски градови, партнери а лидер на проектот е градот Ваљадолид од Шпанија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Организаторот (ЈУ Културно информативен центар) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа мрежата на градови Creart, трошоци за престој до 400 евра, ќе бидат обезбедени материјали за  работа   во износ не поголем од 500 евра;
  • За уметникот од Скопје организаторот (ЈУ Културно информативен центар) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени потребни материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;
  • Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата;
  • Избраните уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на ЈУ  Културно информативен центар;
  • На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајца уметници со уметничките дела направени за време на работниот престој во ЈУ Културно информативен центар.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Апликантите мора да обезбедат во еден документ PDF:

  • Лична карта или пасош (скенирана копија);
  • Кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела;
  • Краток предлог-проект (една страна од А4) В
  • Графичка документација поврзана со престојот
  • Во случај на спреченост на уметник од европските градови за учество во резиденција поради пандемијата со Covid -19, организаторот го задржува правото да селектира двајца уметници од Скопје.

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници  е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  он-лине апликација на следниот линк:  https://creart2-eu.org/open-calls/

Рокот за пријавување е до 05 април 2021 година.