Градоначалничката Арсовска на средба со амбасадорката на Шведска, Бенгтсон 16.2.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и со Микаел Атерхог, раководител за соработка и развој во амбасадата.
На средбата се разговараше за тековните проекти на кои работи Градот Скопје за подобрување на условите во кои живеат граѓаните, како и за идните активности каде во соработка со програмите овозможени од амбасадата ќе се овозможат решенија за подобрување на состојбите во однос на животната средина.
- Посветено работиме на заштитата на животната средина, а особено внимание посветуваме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Во таа насока, приоритет во нашата работа е чистењето на дивите депонии кои се извор на загадување, стимулирањето на алтернативните видови превоз и набавката на екоавтобуси – рече Арсовска.
Арсовска и Бенгтсон разговараа и за остварувањето на женските права и за застапеноста на жените во институциите на системот, со што ќе се подигне свеста за рамноправност и интегрирање на жените во сите сфери на општествениот живот.
На денешниот состанок се зборуваше и за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и амбасадата на Кралството Шведска во нашата земја во однос на проекти кои се од важност на граѓаните, а кои може да се применат по примерите во Шведска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
